КОШАРКАРСКА ПРВА ЛИГА 2019/20

МЗТ не сака да чуе за прекин без шампион

По едномесечно размислување Кошаркарската федерација на Македонија синоќа до членовите на Управниот одбор го изнесе својот став за прекинатото првенство и дека треба да заврши без прогласување шампион и без испаѓање, на што остро се спротивстави лидерот МЗТ.

Во клубот од Аеродром се огорчени од начинот на кој размислува федерацијата и дури и се заканија дека работите ќе ги изнесат на и на суд, доколку е потребно.

„Без разлика што е во ек на пандемија со коронавирусот, кога сите сили ни се насочени кон борбата против невидливиот непријател, во која се вклучи и нашиот клуб со финансиска донација и со откажување од парите кои ни следуваат од државата, не може, а да не се почувствуваме повредени, па дури и навредени од размислувањето на господинот Перо Антиќ и неговите соработници, а до кое е дојдено со помош на нивните советници и „коалициски партнери“. Предлогот содржи неколку небулози и правно неиздржани работи, кои, ако се усвојат, сигурно ќе им донесат и покани за на суд“, велат од МЗТ.

На клубот од населбата Аеродром не им е јасно зошто не се прогласува шампион кога над 60% од бројот на натпревари е одигран. Нормално, МЗТ во моментот на прекин беше прв.

„Не ни е јасно зошто не се прогласува шампион. Одиграни се 17 кола, што е повеќе од 60% од предвидениот број средби за регуларниот дел од сезоната. МЗТ Скопје Аеродром, без разлика што играше на два силни фронта со по две средби неделно и со многу далечни патувања помеѓу, има јасна предност од две победи пред конкурентите, а сите тимови имаат еднаков број одиграни средби. Вакви ситуации имаше во поголем број европски држави, кои без никаква дилема лидерот го прогласија за шампион, а меѓу нив се и редовни учесници на Европските првенства како Полска, Литванија, Латвија, Украина, Белгија и Босна и Херцеговина. Секако, имаше и такви кои прекинаа и без прогласување шампион, но тоа најчесто беше поради тоа што одредени тимови не играа во првиот дел од домашниот шампионат (Словенија, а најверојатно и Србија), како и поради тоа што сите немаа одиграно исто број средби (Хрватска)“, стои во соопштението на МЗТ.

Од клубот сметаат дека кога веќе пласманот на табелата не е доволен за да биде прогласен шампион, тогаш не треба да се користи ни при определувањето на други работи, а што КФМ планира да го направи.

„Второ што ни боде очи во ставот на КФМ е нелогичноста околу крајниот пласман, кој, според нив, е доволно добар да биде користен при поделбата на спортските ваучери за 2021 година, ама не е добар за прогласување шампион. Зошто? Која е разликата? Ако се важи пласманот за едно, тогаш тоа треба да се случи за сѐ, вклучувајќи го и делот што, очигледно, им боде очи на Антиќ и неговите соработници и „коалициски партнери“. Кому му пречи МЗТ Скопје Аеродром да биде прогласен за првак, во јасна ситуација, со 60% и повеќе одиграни средби од регуларниот дел од сезоната и убедлива предност пред конкурентите“, паршуваат од лидерот.

Пласман при прекинот:

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе