МЗТ се откажа од државните субвенции и донираше 100.000 денари

Македонскиот кошаркарски шамион нема да ја користи понудената државна помош за спортистите и клубовите, а покрај тоа донираше и 100.000 денари како помош за набавка на заштитна опрема за здравствените работници.

„Ја информираме јавноста дека нема да ги користиме субвенциите предвидени според Законската уредба за финансиска поддршка на спортисти, спортски работници и спортска администрација за време на вонредна состојба, со цел тие средства да останат во буџетот и да бидат употребени на подобар начин во борбата против заедничкото зло на сите нас, болеста COVID-19“, почнува официјалното соопштение на клупската веб-страница.

Кошаркарската сезона во македонската Суперлига е во прекин по 17. коло, а лидер е токму МЗТ со 31 бод пред Работнички и Гостивар кои имаат по 29.

„Нашиот клуб, воедно, на конкретен начин се приклучи на иницијативата #СпортистиПротивКоронавирусот и тоа со донација од 100.000 денари на наменската сметка, од која потоа ќе бидат обезбедени заштитни маски и опрема за здравствените работници, кои се во првиот одбранбен ред, како и средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица. Со ова уште еднаш сакаме да покажеме дека сме општествено-одговорен спортски колектив, кој секогаш јавното добро на сите во државата го става пред личниот интерес“, велат од клубот од населбата Аеродром.

МЗТ ги повика и останатите македонски спортски клубови кои финансиски стојат добро истотака да се откажат од државните средства и со тоа да помогнат во борбата со епидемијата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе