Кошарка

МЗТ се засили со Американец и Хрват

16. август 2019 - 13:09 | Ф.З.

Тимот на МЗТ Скопје денеска објави дека се засилил во двајца нови кошаркари, Американецот Џабари Хиндс и Хрватот Марин Морнар.

Клубот од Аеродром работи на тоа да направи добра екипа која  ќе може да ја одбрани титулата во домашното првенство, да го освои Купот на Македонија, но и да се избори за пласман во АБА лигата откако испадна во АБА 2.

Хиндс игра на двете бековски позиции, има 27 години и е висок 181 сантиметар, а доаѓа од полскиот тим на Кросно каде лани беше најдобар стрелец во лигата.

Морнар пак доаѓа од австрискиот Флајерс Велс, има 26 години и е висок 2 метра и 3 сантиметри. Игра на позицијата крилен центар.

Двајцата потпишаа едногодишни договори.

Коментирај