МЗТ: Зарем кошарката во Македонија е приватна забава само за привилегирани семејства

Скопје, 4 април 2018 (МИА) – Раководството на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром денеска се огласи по одлуката на Блокотехна да не им одобри 25 билети за вечерашното гостување во Гевгелија.

- Тешко дека постојат зборови со кои адекватно би ја опишале нашата разочараност од одлука на раководството на Блокотехна да и забрани на нашата управа да присуствува на овој натпревар. На нашето барање за 25 билети за раководството на клубот, нешто што е предвидено со член 31.1 од Пропозициите за натпреварување, но што е и децениска традиција во македонската кошарка, добивме негативен одговор со штуро објаснување. Челниците на Блокотехна не сакаат да нѐ нагостат од – безбедносни причини. И за тоа, според актите, може да бидат казнети со „дури“ 2.000 денари, стои во реакцијата на МЗТ.

Од таборот на „аеродромци“ ова го сметаат за срамен однос кон нивниот клуб.

- Искрено, не паметиме ваков срамен однос кон нашиот клуб, дури и од времињата во кои сме имале пожешки ривалски односи со екипи со далеку поголема традиција од Блокотехна. Свесни сме дека овој тим е дебитант во елитата и дека сѐ уште има многу да учи како треба да се однесува кога е во друштво со големите клубови, но ниту во сон не очекувавме ваков низок удар од тим кој до вчера играше во Втората лига. Па, зарем во Македонија кошарката е приватна забава само за привилегирани семејства?, се запрашуваат во МЗТ Скопје.

Актуелниот првак бара МКФ да поведе сметка за ваквите ситуации и да воведе поригорозна казна, и како што велат да ги едуцира клубовите,  за во иднина да не се повторат вакви нешта.

Натпреварот Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром се игра вечер од 18 часот и 30 минути.

реклама

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Read more

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Read more

Кошарка

НБА сака да ја преземе Евролигата

Read more

Жестока казна: Клиперс загубија 5 пика и 30 милиони евра

Read more

ФИБА ги укина ограничувањата за руските и белоруските кошаркари, тренери и судии

Read more

Димитријевиќ: Ќе дадам сè од себе за да стигнеме до Европското првенство

Read more

Спорт

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе
  • play_arrow

Рибакина прв пат во кариерата го освои УС опен

Читај повеќе

ФИФА доживотно суспендираше двајца поранешни претседатели на федерации

Читај повеќе

Скандал во Ф1: На 11 септември Вилијамс настапи со ретро-дизајн поврзан со Бин Ладен

Читај повеќе

УС опен ќе има нов шампион: Зверев и Шелтон изборија финале

Читај повеќе

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Читај повеќе
  • play_arrow

Судир на титанките: Двете најдобри тенисерки во светот изборија финале на УС Опен

Читај повеќе
  • play_arrow

Ибрахимовиќ за судирот меѓу Де Пол и Левандовски: Да бев јас, ќе го удрев со глава

Читај повеќе