На 16 години стана лото милионерка, а денес нема пари да се грижи за болниот син

Кали Роџерс на 16 години освои 2 милиони евра на лотарија, а денес, 15 години подоцна, нема веќе пари, Најмладата добитничка на лото во Велика Британија ги потроши сите пари на журкање, дрога, пластични операции и други непотребни луксузи, а денес нема доволно пари за да се грижи за болниот син.

Таа е самохрана мајка на три деца, меѓу кои и шестгодишниот Блејк кој боледува од церебрална парализа и не може самостојно да оди и да се храни.

Голема е веројатноста дека ќе му треба нега од друго лице до крајот на животот. Кали вели дека најмногу жали што нема пари да му овозможи подобар живот на Блејк. Во интервјуто за „Дејли мејл“ таа не покажува многу жалење што ги „фрлила патрите во ветер“, освен за ова.

„Никогаш не ми било гајле за брендирана облека или брзи автомобили. Најмногу се каам што немам пари сега за Блејк. Многу ја сака терапијата со сензорни симулации. Да ги имам сега тие пари би му ја купила најголемата сензорна просторија“, вели Кали.

Таа и претходно има зборувано дека добивката на лото ја направила несреќна. Кога пред 15 години освои 1,8 милиони фунти, сите мислеа дека девојката се обезбеди за цел живот. Веднаш даде отказ од работа и почна со луди журки.

Потроши околу 20.000 евра на три операции за зголемување и подигање на градите и околу 330.000 евра на облекам како и повеќе од половина милион евра на семејството, пријателите и поранешните дечковци.

На дечковците им купи неколку автомобили, а дури подоцна сфатила дека само ја искористуваат, бидејќи ја напуштиле многу брзо. Таа признава дека користела кокаин, но негира дека дала повеќе од четврт милион евра на дроги, како што пишуваа некои медиуми.

Сѐ што ѝ остана од парите е инвестицијата во куќата на нејзините баба и дедо што ќе ја наследи откако ќе починат. Сега живее во изнајмена куќа и работи како негуватека, додека истовремено продолжува со школување.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе