На 17 дена до баражот во Скопје најдобриот косовски голгетер закачи корона

Најголемата закана по македонскиот гол во претстојниот бараж за пласман на ЕУРО, Ведат Муриќи, е позитивен на коронавирусот и ќе мора да оди во карантин.

Новопечениот играч на Лацио неколку пати патувал на релација Рим - Истанбул, а на последниот тест излегол позитивен на COVID-19.

Муриќи моментално се опоравува од мускулна повреда со која се здоби на еден од последните тренинзи со Фенербахче. Лекарските прогнози од Лацио велат дека поради короната и повредата ќе може да игра тек по интернационалната пауза.

Тоа значи дека Муриќи е неизвесен за дуелот со Македонија во Скопје кој ќе се игра на 8 октомври. Муриќи ќе мора прво да оди во самоизолација поради короната, од која ќе излезе кога ќе добие негативен тест. Тоа ќе му ја отежни работата со враќањето од повредата и треенажниот процес, па затоа е и неизвесен за важниот дуел во Скопје.

Секако, тоа е добра вест за македонската репрезентација бидејќи Ведат е најдобриот голгетер на Косово. На 23 натпревари има постигнати 8 голови, всушност најмногу во кратката историјата на оваа нова репрезентација.

Победникот од Македонија - Косово потоа оди во финалниот бараж каде ќе се сретне со подобриот од дуелот на Грузија и Белорусија, а севкупниот победник ќе се пласира на ЕУРО.

реклама

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе