РПЛ 2019/20

На 4 кола до крајот Зенит ја одбрани титулата

Тимот од Санкт Петербург е старо-нов шампион на Русија откако синоќа со победата на гости кај Краснодар математички ја осигура титулата.

Откако московски Локомотив, кој е второпласиран, одигра само 0:0 дома против Сочи, Зенит доби можност со победа во Краснодар да ја завери титулата.

Иранскиот голгетер Сардар Азмун уште во 5. минута го најави славјето. Домашните израмнија преку Даниил Уткин, а потоа Масиел Вандерсон промаши пенал за водство бидејќи голманот Андреј Лунин го одбрани неговиот удар. Казната стигна во последните моменти од првиот дел кога Артјом Ѕјуба реализираше од белата точка за ново водство на „Сино-белите“.

По пет минути игра во вториот дел Уткин повторно израмни, но Азмун само две минути подоцна го врати водство за Зенит кое во 72. минута го запечати Алекс Сутормин.

Remote video URL

На 4 кола до крајот Зенит има 62 бода, дури 13 повеќе од вториот Локомотив. Краснодар е трет со 45 и заедно со Ростов и ЦСКА ќе се борат за преостанататите две места во Лигата на шампионите каде Зенит како шампион обезбеди пласман директно во групната фаза.

Славјето по враќањето во Санкт Петербург

„Сино-белите“ по седми пат се шампиони на Русија откако претходно славеа во сезоните 1984 (тогаш СССР), 2007, 2010, 2012, 2015 и 2019.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе