Фудбал

На Анчелоти му се криви судиите па бара видеотехнологија

19. мај 2017 - 14:19 | Макфакс

Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Карло Анчелоти, ја повика УЕФА да воведе видеоснимки како дополнителна помош за судиите на натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа повторуваќи дека неговиот тим бил елиминиран во четвртфиналето од мадридски Реал само поради судиските грешки.

„Постојат добри и помалку добри судии. Секој греши, но тоа не смее да се случува на вака високо ниво. Во четвртфиналето ни беше направена голема неправда. Во историјата ќе влезе дека Реал го победил Баерн, но она што се случуваше во реваншот во Мадрид го виде целиот свет. Потребно е да се воведе видеотехнологијата, тоа е неопходно“, рече Анчелоти во интервју за весникот Corriere Della Sera.

Коментирај