Наука

На Антарктикот пронајдени скоро 100 вулкани

13. август 2017 - 13:15 | Б.С.Б.

Два километри под површината на вечниот лед на Антарктикот тим научници од Универзитетот во Единбург пронајде скоро 100 вулкани, од кои највисокиот има 4.000 метри.

Оваа вулканска област веројатно е поголема од африканскиот вулкански гребен, кој важи за област што има најмногу вулкани на едно место, пишува Guardian.

Активностите на овој вулкански венец би можеле да имаат сериозни последици.

„Кога еден од овие вулкани би проработил, дополнително би ги дестабилизирал ледените гребени на западниот дел на Антарктикот. Сè што предизвикува топење на ледот, само го забрзува распаѓањето на ледените гребени. Прашање е колку се активни овие вулкани, тоа мора да го дознаеме“, вели Роберт Бингам.

Резултатите од истражувањето се споредени со сателитски снимки и геолошки податоци од други студии. Откритието е особено важно поради тоа што активноста на овие вулкани би имала последици за целата планета. Ако еден од нив се активира би можело да дојде до пораст на растот на нивото  на морето.

Коментирај