Живот
НОВО БИТОЛСКО ЕКСТРА КРАВЈО КИСЕЛО МЛЕКО

На барање на потрошувачите, Битолска млекара го збогати своето портфолио на производи

8. август 2018 - 13:16 |

Најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија – Бимилк го збогатува своето портфолио на кисело-млечни производи со уште еден освежителен вкус за сите љубители на изразито киселкав вкус на киселото млеко.

Новиот производ – Битолско екстра кравјо кисело млеко, доаѓа како резултат на повеќемесечни опсежни истражувања на пазарот и мислењето на потрошувачите, што уште еднаш ги потврдува способноста, подготвеноста и капацитетот на Бимилк да ги слушне и да ги пресретне потребите на потрошувачите.

Имено, резултатите покажаа дека потрошувачите на Бимилк, особено оние од Источна Македонија, го преферираат покиселкавиот и поосвежителен вкус на киселото млеко, па оттука потекна и идејата за лансирање на овој нов производ, велат од Бимилк.

„Воведувањето Битолско екстра кисело млеко е дел од нашата стратегија за проширување на производното портфолио на производи што ги задоволуваат специфичните потреби и очекувања на сите наши потрошувачи. Нашиот оддел за истражување и развој во изминатиот период навистина посветено и неуморно работеше во креирањето на совршениот производ, кој е комбинација на извонредно фина и кремаста структура и киселкав вкус, и за кој се надеваме дека ќе ги задоволи и најспецифичните вкусови“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Произведено од најквалитетното домашно млеко по најсовремените стандарди за производство, новиот член на портфолиото „Битолско“ ги содржи сите нутритивни вредности како и првото и омилено, препознатливо Битолско кисело млеко, но она што го разликува е неговиот специфичен киселкав вкус што на храната ѝ дава дополнително освежување при секој следен залак.

*Промотивен текст

Коментирај