Македонија

На „Богородица“ се чека од 30 до 45 минути за излез од државата

21. јули 2019 - 10:56 | МИА
Скопје, 21 јули 2019 (МИА) – На граничниот премин Богородица утрово има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додава АМСМ.

Вчера се чекаше три до четири часа се чека за влез во Грција поради бавно извршување на граничните формалности на грчка страна, а меѓуграничнот простор беше споен со возила од македонска страна. 

Коментирај