На 17 и 18 март од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани, еден од Турција и двајца од Албанија и еден државјанин на нашата земја, поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, на 17.03.2023 на излез од државата, А.А.( 52) од Република Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана.
На 18.03.2023 при контрола на патничко возило Hyundai Santa Fe, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И. (29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден (18.03.2023) од страна на двајца албански државјани, Г.К. (45) и Е.Д. (49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.
Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.