На бугарскиот граничен премин „Станке Лисичково“ се чека два часа за влез во Република Македонија

Делчево, 5 јануари 2019 (МИА) – Околу два часа се потребни македонски државјани да влезат на територијата на Република Македонија кај бугарскиот граничнен премин Станке Лисичково каде од рано утрово е забележлива поголема колона возила.

Како што информираат патници кои од Бугарија патуваат кон граничен премин Делчево, причината за задржувањето е пад на електронскиот систем.

„Чекаме од 9 часот утрово. Ни рекоа дека има пад на електронскиот систем со кој се регулира движењето на патниците. Информација до кога ќе трае задржувањето се уште немаме. На ова ладно време она што ни преостанува е да чекаме во автомобилите, друг избор и немаме“, велат македонски патници кои во моментот се наоѓаат од другата страна на граничниот премин Делчево.

Патниците кои се движат од границата на Република Македонија кон соседна Бугарија засега го немаат тој проблем. Од информациите на делчевската гранична служба во моментот сите потребни проверки траат кратко и не е забележано поголемо задржување.

Зголемување на интензитетот на сообраќајот, како што наведуваат делчевските граничари се очекува во попладневните часови кога поради пазарниот ден граѓаните од соседна Република Бугарија се враќаат од Делчево кон својата држава.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе