Фудбал

На чија клупа ќе седне Алегри?

6. декември 2019 - 9:30 | А.С.

Масимилијано Алегри од крајот на минатата сезона е без работа, откако се договори да си замине од Јувентус со кој четири пати со ред ја освоија титулата прваци на Италија.

Оттогаш, неговото име беше и сѐ уште е спомнувано во комбинација со речиси секоја голема тренерска позиција во европскиот фудбал.

Беше во комбинација за менаџер на Тотенхем по оставката на Маурисио Покетино, но таа работа ја доби Жозе Мурињо. Баерн и Арсенал исто така останаа без тренер, но тие уште бараат трајни решенија и наводно и двата клуба се сериозно заинтересирани за Алегри.

Сепак, Алегри во разговор за ESPN спомна дека не планира да преземе ниту една екипа до следната сезона, но „скокотна“ дека би можело да отиде во Англија.

„Се враќам следниот јуни. Нема да се приклучам кон ниту еден клуб до следната сезона. Ама да, почнав со часови по англиски јазик овде, во Милано“, рече Алегри.

Коментирај