На dark web кружат лозинки: Дали и вашата е на списокот?

Просечните корисници на компјутери, таблети или паметни телефони честопати отвораат кориснички профили за различни онлајн мрежи, сервиси и платформи.

Без разлика дали станува збор за купување, користење на социјални мрежи, луѓето отвораат различни форми на профили, од кои некои се привремени, бидејќи биле неопходни за еднократна акција, додека има и такви кои се постојани и тоа се обично веб-локации кои често ги користиме.

Треба да се напомене дека некои профили имаат повисок степен на важност во споредба со други, како што е профил на Google, или профил за банкарски услуги и парични трансакции при онлајн купувања каде што треба да ги внесеме информациите што се наоѓаат на банкарската картичка.

Во повеќето случаи, корисниците го доживуваат отворањето на таквите профили како досаден процес кој одзема непотребно време и често прибегнуваат кон внесување на корисничко име и лозинка што е можно поскоро. Лозинката е особено деликатен процес, бидејќи до нечија е-пошта може да се дојде на различни начини, па за некој што сака да дојде до вашите податоци и кориснички профил, единственото нешто што останува е да ја пробие лозинката.

Една од најголемите грешки што ја прават корисниците е брзо внесување лозинка, а хакерите го следат тоа, па се случува да имаат свои бази на податоци со лозинки кои корисниците најчесто ги користат.

Така, на dark web се појави листа на лозинки кои корисниците најчесто ги користат.

Ова е листа на 20-те најчести лозинки:

1. 123456

2. 123456789

3. Qwerty

4. Password

5. 12345

6. 12345678

7. 111111

8. 1234567

9. 123123

10. Qwerty123

11. 1q2w3e

12. 1234567890

13. DEFAULT

14. 0

15. Abc123

16. 654321

17. 123321

18. Qwertyuiop

19. Iloveyou

20. 666666

Ако користите некоја од овие лозинки, треба да ги промените, бидејќи постои можност вашиот кориснички профил да е компромитиран, особено ако содржи важни лични информации или оние поврзани со вашата банкарска сметка.

Како да креирате лозинка?

Кога внесувате лозинки, секогаш се препорачува тие да бидат подолги од минималниот број на дозволени знаци и да се користат поретки знаци како интерпункциски знаци или симболи. Загрижувачки е тоа што корисниците знаат да ги користат лесно формираните лозинки за повеќе кориснички профили, што е нешто што треба да го избегнувате. Ако хакерите веќе имаат пристап до еден кориснички профил, со користење на различни лозинки за другите, можеме барем да спречиме појава на поголема штета.

При креирањето на лозинка, корисниците не треба да користат информации кои можат да се најдат јавно, како име, презиме, датум на раѓање, адреса на е-пошта итн. Некои, пак, препорачуваат софтвер за креирање лозинки, кој ќе ви ја заврши работата и со тоа ќе ја зголеми безбедноста на вашите кориснички профили.

реклама

Авион ја промаши пистата кај Монпелје и заврши во езеро

Read more

Потенцијално сценарио: Како би изгледал нуклеарниот напад на Путин во Украина?

Read more

Надал плачеше за Федерер, на крајот и Ѓоковиќ се расплака

Read more

Прво сценарио: Русите фрлаат нуклеарка, Американците одговараат и толку  - кое е второто?

Read more

Интернет

Емотиконите слават 40 години, како започна приказната со нив?

Read more

YouTube тивко тестира 5 реклами наместо 2, нема прескокнување

Read more

Најдобрите страници за гледање спортски настани

Read more

Успешно демонстриран нов Wi-Fi и 2,5 пати поголема брзина

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Скап е, но нема лесно да го скршите: iPhone 14 на тест на издржливост

Читај повеќе

Apple го реши проблемот со камерата со ново ажурирање

Читај повеќе

Xbox повеќе нема да бара нон-стоп интернет конекција при играњето

Читај повеќе

Летало на НАСА ќе удри во астероид: Тестираат метод за заштита на Земјата

Читај повеќе

Погледнете нагоре: Јупитер 59 години не бил поблиску до Земјата

Читај повеќе

Македонски научници освоија прво место на конференција за вештачка интелигенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Google го откри изгледот на својот Pixel Watch

Читај повеќе

Зошто стрелките на часовникот се поместуваат во есен и пролет?

Читај повеќе
  • filter

Данска и Германија го градат најдолгиот подводен железничко-автомобилски тунел во светот

Читај повеќе