На денешен ден: Почина легендарниот Петре Прличко

На денешен ден, во 1995 година, во Скопје починал славниот актер Петре Прличко. Многумина го прогласија за легенда додека сè уште беше жив.

Роден е на 13 март 1907 година во ВелесСам по себе претставува вистинска легенда и зазема голем удел во македонскиот театар и филм во 20 век. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основал сопствен театар наречен „Боем“.

Од 1939 г. членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 година во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) има филмско деби. Со импресивните комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ се истакнува со посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши глумци.

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.

Ќе остане запаметен по многу улоги како Мандана во „Мис Стон“, стрико Тале во „Мирно лето“, Никола Попов во „Солунските атентатори“, Фезлиев во „Денови на искушение“, Мојсо во „Македонска крвава свадба“ и други филмови.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе