На денешен ден пред 19 години Македонија поднесе барање за членство во ЕУ

Јасно е и извесно дека Северна Македонија ќе стане членка на Европската Унија. Со поднесувањето на барањето за членство во Унијата, во Даблин пред 19 години, македонската Влада избра европска иднина за земјата, со што и официјално го започнавме нашето патување низ бриселските процедури до членство во ЕУ, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалниот Фејсбук профил.

-После 18 години чекање за почеток на преговори со ЕУ и тешките и државнички одлуки кои ги донесовме, успеавме членството на Северна Македонија во ЕУ да го направиме реално и сигурно. Сега е прашање само на мудро искористување на околностите и нашата подготвеност. Денес не треба да имаме дилема дали требаше или не да се поднесе апликацијата во Даблин. Стратешки ја позициониравме државата и застанавме на страната на европските вредности, мирот, стабилноста и просперитетот, пишува Маричиќ.

 Додава дека наша одговорност е како и пред 19 години сите да се обединиме околу европската перспектива и барањето за членство во ЕУ да го направиме реалност.

-Ги имаме сите услови, и позитивна атмосфера и политички моментум, за тоа да го направиме и да ја исполниме желбата на претседателот Борис Трајковски, кој својот последен потпис го стави токму на документот за членство во ЕУ. Минатата година направивме напредок и исчекор во евроинтеграциите. Очекувам да го задржиме позитивниот имиџ кој го имаме во ЕУ и местото во процесот на евроинтеграција како кандидат, место во иднината на ЕУ, дополнува Маричиќ во објавата на Фејсбук.

реклама

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Македонија

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Read more

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Read more

Сончево време, попладне порoен дожд, грмежи и ветер

Read more

Град Скопје: Граѓаните добиваат нова ботаничка градина во ЗОО Скопје

Read more
 

Вести

Родители најавуваат бојкот откако градоначалникот ја разреши, а министерката ја врати директорката на градинката „Детска радост“

Читај повеќе

Пешак загина на патот Прилеп-Битола, повредено и дете

Читај повеќе

Кумановец со автомобил удри во две девојчиња

Читај повеќе

Необични правила во Турција на одлучувачкиот ден на изборите

Читај повеќе

Америка се спаси од банкрот

Читај повеќе

Кина избршиша 1,4 милиони објави од интернет

Читај повеќе

Во Скопје се вози брзо – за еден ден казнети 70 возачи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Со 54 дрона Русите синоќа го нападнале Киев, Украина јавува за еден загинат

Читај повеќе
  • filter

Шишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро

Читај повеќе