На Европа ѝ се закануваат бури и пожари

Лисабон, 10 август 2018 (МИА) - Метеоролошките служби ширум Европа предупредуваат на опасност. Во северниот дел од континентот и во јужните делови на Франција во сила се предупредувања од ветришта и поплави, додека во Португалија пожарникарите се обидуваат да спречат повторно ширење на пожарот што уништи десетина куќи.

Властите во Португалија денеска соопштија дека по една недела ставен е под контрола големиот пожар во јужниот дел на земјата.

Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека речиси 1.400 пожарникари и околу 450 возила распоредни на тоа подрачје спречиле повторно разгорување на огнот.

Во пожарот во португалскиот регион Алгарве повредени се 41 човек, меѓу кои еден потешко, а неколку десетини куќи целосно изгореа.

Директоратот за вода и енергија на Норвешка објави портокалов аларм во јужниот дел на земјата поради лизгање на земјиштето, бури и обилни врнежи од дожд. Бродските компании ширум Норвешка ја откажаа пловидбата поради можни силни ветрови.

Според прогнозите брегот на Северно Море ќе биде зафатен од силен ветер, а издадено е и предупредување и автомобилите да не преминуваат преку мостовите.

Поради бурата што вчера го погоди јужниот дел на Франција евакуирани се околу 1.600 луѓе од три региони.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе