На европскиот идентитет му е потребен Западен Балкан

Скопје, 26 мај 2018 (МИА) - Иднината на Европа носи со себе многу предизвици, а покрај прашањето на безбедноста во јавната дебата во ЕУ се наметнува и идентитетското прашање, односно прашањето за европскиот идентитет.

Ив Бертончини, претседател на Европското движење на Франција на дебата за време на своето гостување во Македонија изјави дека прашањето на европскиот идентитет е прашање кое се провлекува од зачетоците на Европската унија. Македонија, пак, која според него, се поврзува и често се асоцира со македонската салата која претставува мешавина од хармонија, а тоа е она што ја симболизира денешна Македонија.

„Во 1900 година  24 проценти од вкупното светско население беше европско, во 1960 година 12 проценти, а денес уште за половина помалку, односно шест проценти. Во наш интерес е да се обединиме односно земјите од Западен Балкан да ги приклучиме во европското  семејство затоа што така ќе добиеме 18 милиони повеќе жители, а губиме со излегувањето на Британците 64 милиони жители. Но за да може да ги обединиме овие земји, сепак, треба да ви е познато  и стравувањето кое постои кај Европејците во однос на европскиот идентитет“, појаснува Бертончини.

Тој појаснува дека ова идентитетско стравување треба да се разбере дека  постои и во Франција затоа што Франција била главен актер во светски рамки, но и позната по своите колонии. Тоа стравување постои и кај Австријците затоа што биле затворени во царство, а постои и кај Обединетото кралство затоа што бара да излезат од ЕУ, се затвораат во себе и остануваат изолирани.

„Сега тој идентитет треба повторно да го редефинираме во однос на арапско муслиманскиот свет кој е овде. Тоа претпоставува мошне отворена дискусија со тој свет. Потребно е да зборуваме за тие идентитетски прашања затоа што Французите се Европејци,  Австријците се Европејци и Македонците се исто толку Европејци. Можеби успехот ќе лежи во основањето на една голема Македонија односно обединети во различноста. Токму тоа е Европа, малку поголема Македонија, а со тоа се потврдува и местото на Македонија во ЕУ кога станува збор за идентитетските прашања“, заклучува Бертончини.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи смета дека Македонија може да се пофали со традиција на верски и етнички соживот, кој е во согласност со вредностите на европскиот дух, што е уште еден аргумент за евроинтергацијата на земјата.

„Ако на Балканот на некој начин доминира словенската и албанската култура како две различно доминантни групи во регионот, тие групи доминираат и во Република Македонија. Ако верски доминира православието и исламот, во Република Македонија, исто така, тоа е рефлектирано. Меѓутоа, во Македонија тие кохабитираат и тие функционираат на најдобро, најевропско, можно ниво. Тој пример на такво почитување на различностите и на таква функционална демократија во која различностите се предност, станува пример и модел за целиот регион. Тоа е всушност европскиот дух во Македонија“, оценува Османи.

Но, тоа не е само затоа што ние сме Европејците, туку затоа што, посочува, меѓународната заедница има максимално инвестирано оваа држава да биде функционална демократија во која различностите се предност.

„Кога имате еден таков успешен продукт на една силна меѓународна инвестиција која може да биде модел за другите држави во регионот, кој се смета за тежок регион и во еден тежок геополитички контекст, тогаш мора да се даде шанса на тој модел, бидејќи недавањето шанса значи лоша порака кон другите држави, кон другите генерации. Овој модел треба да се промовира и да му се даде шанса  да продолжи успешно во процесот не гледајќи низ прсти, туку апсолутно објективно врз основа на индивидуален мерит систем на проценка“, рече Османи.

Виолета Геров

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе