На Германија в понеделник ѝ се заканува целосен сообраќаен колапс

Синдикатот на вработените во јавниот сектор Verdi и Синдикатот на железничарите EVG за в понеделник најавија еднодневен генерален штрајк на транспортниот сектор во Германија, кој целосно ќе го парализира железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај.

Најавен е еднодневен предупредувачки штрајк, кој ќе го зафати целиот меѓуградски железнички сообраќај, речиси целиот градски сообраќај и повеќето аеродроми.

Во штрајкот е вклучен и водниот транспорт во Германија и Управата за автопатишта.

Сообраќаен колапс

Според податоците на Асоцијацијата на аеродроми, од штрајкот в понеделник би можеле да бидат погодени 380.000 патници, а сообраќајот се очекува да биде во прекин до средината на неделата.

Претставник на Германски железници (DB) ги повика патниците да ги одложат патувањата доколку е можно или да ги преместат на денот пред или по штрајкот. Според податоците на DB, продажбата на билети за денеска е нагло зголемена, па се очекува густ сообраќај и ден пред штрајкот.

Со оглед на тоа што во штрајкот учествуваат и германските вработени во Управата за автопатишта, се стравува од големи доцнења в понеделник поради преоптоварување, како и затворање на тунелите, кои нема да бидат под надзор поради штрајкот.

Синдикатите бараат повисоки плати, особено изедначување на негативниот ефект на инфлацијата врз реалните плати. Синдикатот Verdi бара зголемување од 10,5 отсто за 2,5 милиони вработени.

Повеќето луѓе го разбираат штрајкот

Според истражувањето на германската новинска агенција dpa, и покрај големите проблеми што ги донесе штрајкот во транспортниот сектор во Германија, мнозинството граѓани го разбираат прекинот на работата.

Според истражувањето, 55 отсто од испитаниците заедничкиот штрајк на синдикатите Verdi и EVG го сметаат за „оправдан“ или „целосно оправдан“, а 38 отсто акцијата ја сметаат за „неоправдана“ или „целосно неоправдана“.

Истражувањето покажа дека 69 отсто од анкетираните не биле погодени од штрајкот бидејќи или не зависат од превозните средства или нашле алтернативно решение за в понеделник.

Вработените или учениците по правило се должни да се појават на работното место или на училиште и покрај штрајкот во транспортниот сектор, со оглед на тоа што штрајкот беше најавен неколку дена претходно, што, според законот, овозможува да се најде алтернатива.

Критики за обемот на штрајкот

Синдикатот на германските градови и општини, кои се појавуваат во улога на работодавач во преговорите за колективните договори со синдикатот Verdi, во понеделникот го критикуваше штрајкот, особено поради неговиот обем.

„Понеделничкиот штрајк добива димензии на генерален штрајк и поради неговиот обем тешко е да се зборува за предупредувачки штрајк“, рече Герд Ландсберг, претседател на Асоцијацијата на германските градови и општини, во интервју за дневниот весник Rheinische Post.

Ландсберг го критикуваше и времето на штрајкот токму на денот кога требаше да продолжат преговорите меѓу работодавачите и синдикатите за нов колективен договор.

Германската влада инаку ги отфрли коментарите за претстојниот штрајк, нагласувајќи дека не сака да се меша во преговорите меѓу работодавачите и синдикатите.

„Правото на штрајк е едно од основните права во Германија“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт. Воедно, апелираше до учесниците во преговорите што поскоро да се најде решение за да се минимизира влијанието врз секојдневниот живот на граѓаните.

Од почетокот на годината Германија е погодена од бран штрајкови, особено во јавниот сектор, така што во неколку наврати штрајкуваа вработените во градскиот транспорт, болниците и градинките, како и персоналот на аеродромот.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Свет

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Русија брутално го нападна Киев - загинаа две деца

Read more

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Read more
 

Вести

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе

Косовската претседателка откри детали од разговорот со Вучиќ: Негодуваше и се жалеше

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне со пороен дожд

Читај повеќе