На Груевски му се суди пред камери за шлаканиците во Центар

Новото рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ во Кривичниот суд денеска за првпат се снима со две камери.

Ова е прв пат судење по предмет на СЈО да биде под видео надзор. Како што објасни судијката, Татјана Михајлова, судењето се снима со две рачни камери, но само визуелно, а не и тонски.

Кога судијката извести дека се снима, адвокатот Димитар Дангов изреагира дека штом се снима не треба да се води писмен записник и побара да се одложи главната расправа затоа што претходните записници не биле потпишани од странките кои се обвинети.

„Истакнувам приговор, за начинот на водење на записникот на главната расправа. Со оглед како судот постапува на денешниот предмет. До сега имаше подготвителни расправи, а не беа снимани тонски или визуелно, освен едно од истото. Му предлагам на судот за да нема недостаток на записи од претходните рочишта, да ги повика странките да ги потпиштат записниците затоа што инаку нема да имаат правно дејство. Тоа е согласно закон. Доколку судот не реши како ќе постапува по овој предлог, нема да може да продолжи главната расправа“, рече адвокатот.

Судијката, Татјана Михајлова, истакна дека има бројни одлуки по кои судот по службена води засписници во строга форма и го одби предлогот на одбраната да се одбие предлогот за одложување на денешното рочиште.

„Без оглед дали се одржани или неодржани рочишта, досега вие не сте доставиле приговор по оваа точка. Од 1ви декември 2013 година до денес кога е донесен законот, ние постапуваме на овој начин. Овде има бројни и бројни одкуки по кои се постапувало на ваков начин. Тоа се одлуки по кои судот по службена должност води записници во строга форма. Судот располага со ваков вид на опрема. Доколку ги видете претходните записници, јас имам кажано дека немало можност да се снимаат рочиштата. Приговорот можам да го одбијам, ако е процесен“, истакна судијката .

На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот, Јордан Ристевски.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе