На Груевски му се закануваат максимални 25 години затвор

Освен за веќе отпочнатиот судски процес „Насилство“, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е обвинет во четири случаи на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“ за изборните измами, „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски, „Траекторија“ за изградбата на автопатиштата и „Тенк“ за набавката на мерцедесот од 580.000 евра.

Груевски во случајот „Титаник“ е обвинет за три кривични дела. За кривичното дело „злосторничко здружување“ му се заканува затворска казна од една до пет години. За „злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања“ е пропишана затворска казна од најмалку пет години, а за „повреда на избирачкото право“, затворска казна од најмалку три години. Во случајот „ТНТ“, Груевски е обвинет за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ за што е предвидена затворска казна од најмалку три години.

Против поранешниот премиер Груевски се поднесени и два обвинителни предлога, и тоа за случаите „Траекторија“ и „Тенк“. Тој се гони за исто дело и тоа „примање награда за противзаконито влијание “, за што е предвидена затворска казна од една до три години. Во случајот „Насилство“ за нередите пред општина Центар, максималната казна затвор за Груевски како организатор на протестите е пет години.

Статистичката претпоставка покажува дека доколку се соберат предвидените затворски казни за делата за кои се гони, тогаш на Груевски му се заканува максимална затворска казна од 25 години. Сепак, доколку Груевски биде осуден, може да добие и многу помали затворски казни.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе