На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 310 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 310 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство наведоа дека според извештаите на болниците кои пристигнуваат во кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ.

Имено, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството, како што посочија, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

реклама

Гејтс се вакцинираше, но и понатаму носи маска – сака да биде пример

Read more

Peugeot го смени „лавчето“ – дали ви се допаѓа?

Read more

Прв воздушен напад на САД по наредба на Џо Бајден, 17 загинати

Read more

Некогаш беше најдебелото дете во светот, сега никој не може да го препознае

Read more

Македонија

721 нов случаj на COVID-19 од 3.816 тестирања

Read more

Протест против градење висококатници во Ѓорче Петров

Read more

Следните неколку дена ќе се знае кога ќе пристигнат кинеските и руските вакцини, најави Филипче

Read more

Од утре пониски температури од 7 до 10 степени

Read more
 

Вести

Кривични за лица кои на граница прикажале фалсификувани ПЦР тестови

Читај повеќе

721 нов случаj на COVID-19 од 3.816 тестирања

Читај повеќе

Протест против градење висококатници во Ѓорче Петров

Читај повеќе

Тетин се обидел да изврши обљуба врз неговите две внуки

Читај повеќе

Иран: Американските напади на Сирија поттикнуваат тероризам

Читај повеќе

Во Русија почна тестирањето на вакцината Sputnik V Light

Читај повеќе

Контрола во угостителски објект во тетовско, приведени сопственикот и 18 странски државјанки

Читај повеќе

Приведени 18 лица во угостителски објект во Стајковци

Читај повеќе

Во Хрватска потврдени два случаи на јужноафриканскиот сој

Читај повеќе