На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 881 пациент, има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид – центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар девет позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. 

реклама

Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Read more

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Read more

Еден човек го има добитното лото ливче од 1 милијарда долари во САД

Read more

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име, велат од Комисијата

Read more

Македонија

Дневен ковид биланс: 184 новозаразени и 6 починати

Read more

И за моторите важи мерката за привремено одземање возило поради истечена регистрација

Read more

Ѓоргиев: Придавката „македонски“ останува во записниците на Мешовитата комисија

Read more

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

Read more
 

Вести

Дневен ковид биланс: 184 новозаразени и 6 починати

Читај повеќе

Казнети 385 лица за неносење на заштитна маска

Читај повеќе

Следниот месец во Албанија ќе пристигнат над 40.000 дози вакцини од Pfizer

Читај повеќе

И за моторите важи мерката за привремено одземање возило поради истечена регистрација

Читај повеќе

Вучиќ: Во Србија регистриран новиот вид на коронавирус

Читај повеќе

Ѓоргиев: Придавката „македонски“ останува во записниците на Мешовитата комисија

Читај повеќе

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

Читај повеќе

ЕУ: Ќе ги принудиме фармацевтските компании да го почитуваат договорот за испорака

Читај повеќе
  • play_arrow

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Читај повеќе