На Избирачкиот список ќе стои и фотографија

На избирачкиот список на следните избори, кога и да се одржат, покрај имињата на гласачите ќе стои и фотографија иста како онаа на личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти, а информатичките инженери во ДИК интензивно работат на изработка на специјална апликација со фотографии од граѓаните со право на глас, која треба да биде вградена во Избирачкиот список.

Апликацијата со фотографии ќе биде достапна на денот на изборите.

Така, на Избирачкиот список покрај името, презимето, матичниот број, адресата и останатите лични податоци во линијата на секој гласач, ќе биде испечатена и фотографијата што ја има на личната карта.

На денот на изборите ќе се врши проверка на фотографиите, со цел да се спречат обидите да се гласа со туѓа лична карта. Право на глас ќе имаат само оние гласачи за кои во проверките ќе се утврди дека личната карта е нивна и чија фотографија на личната карта ќе биде идентична со таа што ќе стои на Избирачкиот список.

Фотографии ќе има на главниот Избирачки список, но и на таканаречениот „список“ што вчера го договорија четирите партии. Станува збор за 176.000 македонски државјани чие право на глас не е спорно, но се смета дека не се во државата.

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Македонија

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Read more

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Read more

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Read more

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Read more

Вести

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Читај повеќе

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Читај повеќе
  • play_arrow

Обама: Трамп не може ни себеси да се заштити од коронавирусот

Читај повеќе

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Читај повеќе

Родова (не)еднаквост: Само 47% од жените во светот имаат платена работа

Читај повеќе

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 24 и 25 октомври

Читај повеќе

Три медицински сестри од ГАК позитивни на COVID-19, а доктор и директорката се во самоизолација

Читај повеќе