На јавните претпријатија им треба вакцинација против корупција

Замислете ја човечката популација без имунитет. Одбранбениот механизам против болести не би постоел и луѓето би биле подложни на жестоки напади од вируси и бактерии.

Е сега замислете ги јавните претпријатија и фирмите во државна сопственост без имунитет кој ќе им овозможи борба против страшниот вирус наречен корупцијата. Наодите од анкета до 48 такви претпријатија покажуваат дека 92 отсто од нив немаат стекнато имунитет за борба против корупцијата затоа што немаат воспоставено политика за спречување на корупцијата.

Секој од нас има матичен лекар кај кого оди кога ќе има проблем и тој доктор е надлежен да ви помогне и да ве заштити од несакани последици.

Но само 13% од јавните претпријатија имаат „доктор“ односно овластено лице задолжено за пријавување на корупцијата, а од нив едвај 4% работат во посебна канцеларија што ја гарантира тајноста во пријавувањето.

 Да претпоставиме дека не ви е добро. Што би се случило доколку една година треба да земате редовна терапија, но вие сами, произволно ја менувате секој месец или еднаш на два месеци? Вашиот организам нема да ја има потребната заштита. Кај претпријатијата еден од показателите на ризик од корупција е честото менување на планот на јавни набавки. Едно претпријатие го сменило планот за јавни набавки во 2017 година дури 13 пати, што значи дека планот бил менуван повеќе од еднаш месечно. Друго претпријатие планот го менувало на секои два месеци.

Во просек, планот за јавни набавки е менуван повеќе од еднаш. Кај 49% од  претпријатијата тој не е менуван, но кај сите останати има промени.

Честата промена на планот што претпријатието ќе купува, сугерира или лошо планирање, или прилагодување кон потребата на некој центар на моќ – бизнис или политика.

Како би реагирале доколку отидете кај вашиот доктор, но тој ви рече дека иако тој е вашиот лекар сепак прегледот ќе го изврши друг. Дека за стручноста која му стои во титулата всушност плаќа друг, приватен доктор да ја сработи работата, а за тоа ќе ви наплати вас? Колку ќе му верувате на вашиот доктор дека е способен да ја врши услугата ако тој ангажира друго лице да му ги заврши работите? Исто како докторите, и јавните претпријатија се основани за да пружаат определени услуги. Оттука, интересно е дека 29% од нив плаќаат на приватни фирми да изработат дел од работите кои тие треба да ни ги понудат. Кај 27% од случаите, нема анализа на оправданоста тоа да го прави добавувач наместо самото претпријатие.

Целосната анализа за процедуралните празнини во јавните претпријатија може да ја најдете тука.

Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и е финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе