На хируршките клиники неделава ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за КОВИД-пациенти

Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) – Поставеноста на системот на интерните клиники во Скопје покажа дека добро функционира, дава резултати во поголем број оздравени пациенти и доволен број слободни кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој се сретна со директорите на повеќето скопски клиники во кои се отворени КОВИД-центри, како и со раководството на  ГОБ „8 Септември“. На средбата, меѓу другото, како што соопшти Министерството за здравство, беше речено дека на хируршките клиники неделава веќе ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за лекување КОВИД-пациенти, но тие засега остануваат дополнителен капацитет.

Министерот потенцираше дека од клучна важност е да не се намали редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои имаат потреба од лекување.

-Овој критичен период ќе продолжи и во наредните недели, целиот кадар на јавно-здравствените установи е мобилизиран, а притисокот врз болниците очекуваме да продолжи и во следните месеци, затоа од клучна важност е граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД, подвлече Филипче.

На состанокот стана збор за состојбата на пациентите хоспитализирани во КОВИД-одделенијата, усогласеноста и функционирањето на интерните клиники, бројот на слободни кревети и дали здравствените работници имаа дополнителна потреба од заштитна опрема за работа.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во КОВИД-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.298 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Според Министерството за здравство, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

-И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението.

реклама

Интегра ги претстави плановите: Штип се претвора во балкански Манчестер

Read more

Апасиев: Вакво зло Македонија немала од АСНОМ до денес

Read more

Се крчка ЕУ-гославија за време на Бајден, каде е Северна Македонија во овој план?

Read more

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Read more

Македонија

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против COVID-19

Read more

Дождливо и студено, температури до 10°C

Read more

Дневен ковид биланс: 820 новозаразени и 32 починати

Read more

Интегра ги претстави плановите: Штип се претвора во балкански Манчестер

Read more

Вести

Една година од корона-алармот во Вухан, Кина сака да ја смени приказната за потеклото на COVID-19

Читај повеќе

Екстремен топлотен бран во Австралија, активирани алармите за пожари

Читај повеќе

Медицински персонал на Армијата се приклучува во борбата против COVID-19

Читај повеќе

Трамп со прво интервју по изборите, уште не признава пораз

Читај повеќе

Дождливо и студено, температури до 10°C

Читај повеќе

Дневен ковид биланс: 820 новозаразени и 32 починати

Читај повеќе

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Читај повеќе
  • play_arrow

Интегра ги претстави плановите: Штип се претвора во балкански Манчестер

Читај повеќе

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Читај повеќе