На Ким му се качува притисокот, 10-годишната ќерка е најверојатна наследничка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун страда од здравствени проблеми поврзани со дебелината, вклучувајќи висок крвен притисок и дијабетес, соопшти јужнокорејската шпионска агенција.

Националната разузнавачка служба, главната јужнокорејска шпионска агенција, соопшти дека помошниците на Ким се обидуваат да набават нови лекови од странство за да му помогнат на севернокорејскиот лидер.

40-годишниот Ким, за кој се вели дека е зависен од алкохол и пушење, потекнува од семејство со историја на срцеви проблеми, пишува Sky News.

И неговиот татко Ким Џонг Ил и неговиот дедо Ким Ил Сунг, кој владеел пред него, починале од проблеми со срцето. Ким, кој ја презеде власта во 2011 година, по смртта на неговиот татко, е висок околу 170 сантиметри, а претходно тежеше 140 килограми, што го става во категоријата дебели на скалата за индекс на телесна маса.

„Покажува симптоми на дијабетес и висок крвен притисок“

Се чинеше дека ослабел значително во 2021 година, веројатно поради промена на исхраната, но неодамнешните снимки од државните медиуми покажуваат дека тој повторно се здебелил. Јужнокорејското разузнавање објави дека Ким повторно има 140 килограми.

Претставници на разузнавањето нагласија на состанокот дека Ким покажува симптоми на висок крвен притисок и дијабетес уште од неговите рани 30-ти и најверојатно ќе се соочи со проблеми со срцето доколку не ги промени своите навики, рече Ли Сеонг-квеун, еден од јужнокорејските политичари кои присуствуваа на брифингот зад затворени врати.

Парк Сунвон, друга политичарка која присуствуваше на брифингот на јужнокорејските разузнавачки служби, рече дека разузнавачите веруваат дека дебелината на Ким е поврзана со консумирање алкохол, пушење и стрес.

Официјално не е решено кој ќе го наследи

Северна Кореја е една од најтаинствените земји во светот и практично нема начин странските земји да дознаат за здравјето на Ким. Прашањето за неговото здравје е од интерес за меѓународната заедница бидејќи официјално не е одлучено кој ќе го наследи и ќе ја преземе контролата врз растечкиот нуклеарен арсенал на земјата.

Неговата ќерка, за која се вели дека се вика Ким Џу Ае и има 10 години, се чини дека е во најдобра позиција, сметаат јужнокорејските разузнавачи.

Сепак, тие одбија да исклучат дека на власт би можело да дојде некое друго од децата на Ким.

10-годишното девојче му се придружи на татка си на голем број јавни настани од висок профил во последните две години.

Државните медиуми ја нарекоа „омилено“ дете на Ким Џонг Ун и емитуваа снимки и фотографии за да ја покажат нејзината растечка политичка важност и блискост со татко ѝ.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Свет

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Read more

Латвија откри тунел под границата со Белорусија - го користеле мигранти

Read more

Двојно подолго чекањето на европските аеродроми: Само Европејците можат да смислат нешто вакво

Read more

Еболата брзо се шири во ДР Конго: Бројот на смртни случаи надмина 2.000

Read more

Вести

„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

Читај повеќе

Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна

Читај повеќе

Пожар на Закинтос, упатен итен апел

Читај повеќе

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите

Читај повеќе

Јаневска: Околу 50 случаи на врсничко насилство се пријавуваат во просек во училиштата на годишно ниво

Читај повеќе

Миграциска политика на ЕУ: И левичарите го заоструваат ставот

Читај повеќе

ДУИ: КК Чаир добил 3,6 милиони денари, Изет Меџити да каже каде завршиле овие пари

Читај повеќе

Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Читај повеќе