На кои луѓе не им се препорачува да пијат кафе?

За повеќето луѓе кафето се дефинира како здрав еликсир, тоа го имаат докажано и бројни истражувања. Но, сепак, на одредени луѓе кафето може да има повеќе негативно отколку позитивно влијание.

Експертите открија за кои луѓе станува збор:

1. Луѓето со анксиозност и напади на паника

„Кофеинот е стимуланс којшто кај некои луѓе може да ја влоши анксиозноста“, вели нутриционистот Кели Мекгрејн за Eat This, Not That. „Ако редовно доживувате напади на паника или страв, можеби би требало да размислите за избегнување или намалување на консумирање кафе со кофеин“, советува таа.

2. Луѓето со епилепсија

„Иако станува збор за ограничени истражувања, неодамнешните откритија покажаа дека консумирањето на поголема количина кафе е поврзано со зачестеноста на нападите. Но, потребни се повеќе студии за да го кажеме тоа со сигурност“, вели Енџел Ц. Планелс, нутриционист и портпарол на „Academy of Nutrition & Dietetics“ во Сиетл.

3. Луѓето со нарушувања во спиењето

„Разбирливо е да посегнете по шолја кафе, па и повеќе по непроспиени ноќи, но вашата навика за пиење кафе може да го продолжи проблемот со лош сон и умор“, вели нутриционистот Сју Хеикинен.

„Дури и ако мислите дека попладневното кафе не влијае на вашиот сон, би требало да знаете дека може да го наруши квалитетот на сонот. Избегнувајте кофеин најмалку шест часа пред спиење“, советува таа.

4. Бремените жени и доилките

На трудниците им се препорачува да го ограничат консумирањето кафе на 200 милиграми, што е две шолји кафе дневно за да се намали ризикот од спонтан абортус, предвремено породување и раѓање бебе со мала тежина“, вели Хекинен.

„Прегледот за 2020 година, објавен во British Journal of Medicine, заклучи дека не постои безбедна доза кофеин за време на бременост. Трудниците би требало да разговараат за внесувањето кофеин со својот доктор“, додава таа.

„Со оглед на тоа што кофеинот е стимуланс и диуретик, мајката којашто дои и консумира кофеин може да биде изложена на ризик од дехидратација“, вели Планелс.

5. Луѓето со глаукома

„Интраокуларниот, односно очниот притисок кај луѓето со глауком се зголемува кога консумираат кафе па се препорачува ограничување или избегнување пиење кафе. Но, сепак се потребни дополнителни истражувања за ова, вели Планелс.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе