На кои плажи во Бугарија ќе добиете бесплатни лежалки и чадори за сонце летово?

Дваесет и три плажи на бугарскиот брег на Црно Море ќе нудат бесплатни чадори за сонце и лежалки, соопшти на прес-конференцијата во Сончев Брег министерката за туризам Николина Ангелкова.

Пред почетокот на летната туристичка сезона, која според проценките на бугарските експерти ќе биде тешка и многу поразлична од досегашните, министерката одржа низа средби со претставници на туристичкиот сектор.

По разговорите на бугарскиот премиер Бојко Борисов со неговите колеги од Грција и Романија и со претседателот на Србија за отворање на заедничките граници за туризам почнувајќи од 1 јуни, Бугарија ќе смета на туристите од соседните земји чии државјани патуваат претежно со патнички возила, вклучувајќи ги оние од Република Северна Македонија.

Министерката исто така стави акцент на субвенционирање на чартер летови како важна мерка за поддршка на туристичкиот сектор и се надева дека тоа ќе доведе до раст на одредени пазари, особено во поглед на организираниот туризам.

„Правиме сѐ за да привлечеме туристи и да го олеснеме работењето во секторот кој е меѓу најпогодените од светската криза со коронавирусот. Од посебно значење е тоа што нудиме квалитетен производ и дека мора да биде заштитено здравјето на луѓето. Една од основните мерки што ги презедовме е намалување на цените на чадорите за сонце и лежалките. Согласно законот, мора да бидат најмалку 50% поевтини во споредба со лани“, рече Ангелкова.

Лежалките и чадорите ќе бидат бесплатни на 23 од вкупно 132 плажи под концесија. Според бугарски и српски медиуми, овие услуги ќе бидат бесплатни на плажите: Каваци – југ, Каваци – север, Елените, Меѓународен младински центар Приморско, Царево – централна плажа, Ахелој, Обзор –југ и други. Во летувалиштето Златни Песоци за лежалка и чадор за сонце ќе се плаќа по 2 лева, во Албена по 1 лев, во Балчик по 1,50 лева и во Созопол од 3 до 5 лева.

Концесионерите на плажите се должни да понудат намалување на цените за лежалките и чадорите за сонце од најмалку 50%, а за непочитување на оваа наредба предвидена е парична казна од 50.000 лева (околу 25.000 евра). За втор прекршок казната е 100.000 лева.

Според новите правила за заштита на здравјето на гостите, еден чадор за сонце и две лежалки треба да покриваат простор од 16 метри квадратни, а се планира тоа да се прошири на 20 метри, рече Ангелкова.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе