На кои популарни туристички дестинации се забележани најмногу напади на ајкули?

Стравот од напад на ајкула е еден од најраспространетите стравови кај луѓето.

 

Иако веројатноста за напад на ајкула е толку мала што е многу поголема веројатноста да се удавите отколку да ве нападне ајкула, некои популарни туристички дестинации имаат малку повисоки стапки на напади од другите.

Репутацијата на ајкулите беше целосно уништена со филмот Jaws, кој предизвика масовна хистерија во 1975 година. Ги претставил како крволочни месождери и им внесе страв во коски на луѓето.

Реалноста, се разбира, е сосема поинаква: луѓето никогаш не биле плен на ајкули, а нападите најчесто се случуваат поради комбинација на несреќни околности, на пример, кога ајкула погрешно сурферот ќе го смета за фока.

Исто така, американската Национална служба за океани наведува дека само дванаесет од 300 видови ајкули некогаш нападнале човек. Нападите обично се предизвикани од големи бели ајкули, тигрести ајкули или бикови ајкули.

Според Светската фондација за животни, просечниот годишен број на смртни случаи од напади на ајкули е 10. Во 2023 година, 14 луѓе загинале во напади. Дали таа бројка ви се чини висока? Тогаш веројатно ќе ве шокира фактот дека ние луѓето сме многу поопасни за ајкулите отколку тие за нас. Луѓето годишно убиваат во просек по 100 милиони ајкули, што е 11.416 од овие прекрасни животни на час.

Популацијата на ајкулите се намали за дури 70 отсто во изминатите 50 години, според American Oceans. Една од главните причини за лов на овие животни е нивната грбна перка. Во некои азиски кујни, супата од перки од ајкула е популарен специјалитет. Најсурово е што рибарите го извлекуваат животното од водата, му ја отсекуваат перката и го оставаат да искрвари до смрт.

Подолу е листа на популарни туристички дестинации со најголем број на напади од ајкула.

Јужноафриканска Република

Во 2023 година, таму имаше два напади на ајкула врз луѓе и немаше смртни случаи.

Мексико и Бахамите

Во секоја од овие две дестинации по едно лице загинало во напад на ајкула.

Египет

Таму минатата година се случија два напади, од кои еден заврши со смрт.

Бразил

Минатата година имаше три напади без фатални последици.

Нова Каледонија

Едно лице загина во вкупно три напади на ајкула на оваа француска територија минатата година.

Австралија

Минатата година во Австралија имаше 15 напади на луѓе од ајкула, а четири лица загинаа. Добрата вест е што поради големиот број ајкули, повеќето австралиски плажи имаат мрежи за да ги спречат да се приближат премногу до брегот.

САД

Во 2023 година, имало вкупно 36 напади на ајкули во САД, што значи дека повеќе од половина од сите напади минатата година се случиле токму таму. Евидентирани се два смртни случаи.

реклама

Чек дис аут

Каде во светот жените имаат најбујни гради?

Read more

Која Џорџа Мелони си денес?

Read more

Иранска реклама од 70-тите

Read more

Неколку совети за безбедност ако одите во Барселона

Read more
 

Магазин

Како по природен пат да го намалите лошиот холестерол?

Читај повеќе

Полната Месечина на 21 јули носи турбуленции: Кој хороскопски знак ќе „пукне“?

Читај повеќе

Жените кои работат во ноќни смени се изложени на поголем ризик од канцер

Читај повеќе

Дали родителскиот инстинкт кај човекот е вроден?

Читај повеќе

Кардиолог објасни како телото страда при екстремни жештини

Читај повеќе
  • play_arrow

Летување во Југославија: Сиромашни, ама среќни

Читај повеќе

Редовниот секс го подобрува помнењето

Читај повеќе

Како да ги избегнете штетните последици од користењето клима-уред?

Читај повеќе

Лекови кои предизвикуваат алергиска реакција кога сте изложени на сонце

Читај повеќе