Здравје

На која возраст треба да почнете да проверувате холестерол?

4. декември 2019 - 13:05 | М.С.

Повеќето од вас знаат дека високиот холестерол може да биде опасен по здравјето, но дали знаете што е тоа холестерол? Оваа природна масна супстанца ја создава црниот дроб, а ја има и во храна како што е месо, јајца и млечни производи.

Научниците велат дека со резултатите од нивото на холестерол во крвта може да го проценат ризикот од срцеви заболувања и инфаркт.

Новото истражување објавено во списанието The Lancet ги третира долгорочните ризици по здравјето на луѓето од високото ниво на лош холестерол во крвта. 

Луѓето треба да го проверуваат нивото на холестерол во крвта од 25-годишна возраст, тврдат научниците.

Научниците сметаат дека луѓето треба да направат промени во исхраната веднаш штом ќе откријат дека имаат проблеми со холестеролот.

Како што напоменавме погоре, холестеролот е масна супстанца која се наоѓа во храната, а се произведува во црниот дроб. Потребен е на организмот затоа што ги создава хормоните како што се естроген и тестостерон, исто како и витаминот Д и другите супстанци.

Постоjaт два вида на холестерол: HDL холестерол кој се смета за добар, холестерол кој му помага на телото за да остане здраво и LDL лош холестерол кој може да ги запуши артериите.

Научниците ги анализираа податоците на 400.000 луѓе од 19 земји и пронајдоа врска помеѓу лошиот холестерол и ризикот од кардиваскуларни заболувања. 

Тие ја проценија веројатноста на добивање инфарт или мозочен удар на луѓе постари од 35 години според нивниот пол, холестерол, старост и ризични фактори како што се дијабетес, висина, телесна тежина и крвен притисок.

Само во Велика Британија дури осум милиони луѓе консумираат лекови кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.

Се проценува дека еден од 50 луѓе кои земаат лекови пет години последователно, спречуваат инфаркт.

Активниот стил на живот и здравата исхрана исто така го намалуваат холестеролот.

Научниците апелираат младите луѓе кои го проверуваат холестеролот фокусот да го стават на правилна исхрана и да водат физички активен живот.

Коментирај