На Мекгрегор повторно му се заканува казна затвор

Конор Мекгрегор се соочува со сериозни проблеми. Против MMA борачот е покренато обвинение за напад на постар човек. Инцидентот се случил пред околу два месеци, а видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи и предизвикаа вистинска бура од реакции.

Сега Мекгрегор ќе треба да се појави на суд на 11 октомври, а во најлош случај може да помине во затвор 6 месеци и да плати казна од 1.500 евра, што е максимална можна казна за вакво дело.

На видеото се гледа како Мекгрегор се обидува да го натера лицето кое седи до него да пие виски од неговиот бренд. Мажот одбива и веднаш добива удар по главата, луѓето во локалот се видно шокирани од тоа што се случува.

Конор се обидел да ја среди ситуацијата со извинување, но тешко дека ќе помине само со тоа.

„Навистина не е важно што се случило. Едноставно згрешив“, изјави тогаш Ирецот.

Сепак, ова не е прв хулигански чин од страна на Мекгрегор, кој неколку пати бил вмешан во скандали и бил на суд за физички пресметки. Па така овој пат можеби и нема да се спаси од неколку месеци зад решетки.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе