На Месечината можеби има места со стабилна температура за луѓето

Кога си замислуваме престој на Месечината, секогаш ни е во главите дека мораме да останеме таму сместени во кожурецот на незгодниот вселенски скафандер. Причината за ова не е само недостатокот на кислород и притисок, туку и температурите кои варираат од студени -173 до жешки 127 степени Целзиусови.

Сепак, се чини дека тоа не е така, односно дека на нашиот природен сателит има локации кои би можеле да ни обезбедат заштита од непријателски временски услови и кои нè потсетуваат на пријатната атмосфера во нашиот дом.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија (UCLA) открија дека на Месечината можно е да има локации кои постојано се во сенка и на кои може да се измери температура од „пролетни“ 17 Целзиусови степени.

Враќање во пештерите

Во нашата рана историја, луѓето користеле пештери за да се заштитат од стихиите и да се собираат таму за време на студените зимски денови. Овие слични формации на Месечината би можеле да им обезбедат на астронаутите еден вид лунарно засолниште од топлите температури.

Имено, овие јами, односно кратери, можеби водат до пештери каде би можеле да престојуваат астронаутите и каде би можело да се постави база за долгорочен престој на Месечината, пишува CNN.

„Луѓето еволуирале живеејќи во пештери, а ние можеби ќе се вратиме во пештерите кога ќе живееме на Месечината“, рече планетарниот научник Дејвид Пејџ, кој исто така го води проектот Diviner Lunar Radiometer Experiment.

Diviner Lunar Radiometer Experiment е всушност инструмент на лунарниот извидувачки орбитер на НАСА (LRO) кој ги мери температурите на површината на Месечината.

За разлика од површината на Месечината, која се загрева до 127 Целзиусови степени во текот на денот и се лади до -173 во текот на ноќта, овие лунарни јами во регионот Mare Tranquillitatis би можеле да бидат погодни за луѓето, односно да имаат стабилна температура која е повеќе од прифатлива за нас. Mare Tranquillitatis (латински: Море на тишината) е името за областа на видливата страна на Месечината.

Поради фактот што на Месечината практично нема атмосфера, ова тело не може да ја задржи топлината што ја прима од Сонцето, ниту пак да се заштити од него. Кога ќе дојде денот, осветлените делови од нашиот природен сателит стануваат практично блескави, а кога ќе падне ноќта, целата таа топлина се враќа во вселената и областа станува замрзната долина. Патем, само да се напомене, денот и ноќта на Месечината траат околу 15 дена на Земјата.

Засолниште на Месечината

Поради екстремните температури на површината на Месечината, досега, кога се размислуваше за воспоставување постојана база, НАСА мораше да размислува за поставување на комплицирани уреди за греење и ладење. Но, се чини дека американската вселенска агенција може да има еден проблем помалку во однос на планирањето за долгорочен престој на Месечината во иднина поради ова ново откритие.

Со помош на лунарен орбитер, научниците открија јами на Месечината во 2009 година и се запрашаа дали има поврзани пештери кои би можеле да се истражат или дури да се користат како засолништа.

„Околу 16 од повеќе од 200 јами се веројатно срушени тунели направени од лава“, рече планетарниот научник од UCLA, Тајлер Хорват.

Кога ќе се урне долг, шуплив тунел налик на пештера, формиран од лава, се создава јама која може да биде влез во остатокот од пештерата. Експертите веруваат дека има најмалку две или три такви јами на Месечината кои имаат премини во пештери кои би биле совршено засолниште бидејќи обезбедуваат одредена заштита од сончево и космичко зрачење и удари на микрометеорити.

Користејќи компјутерски модели за да ги анализираат топлинските својства на карпата со текот на времето, експертите измериле дека осветлениот дел од јамата може да задржи топлина повисока од онаа на површината - дури 300 степени Целзиусови.

Таа заробена топлина може да ги зголеми инаку ниските температури во блиската засенчена област и да ја одржува топлината стабилна дури и по заоѓањето на сонцето, според Science Alert.

Роботи на Месечината

Меѓутоа, за детално да се проучат овие јами и пештери, потребни се дополнителни теренски истражувања. НАСА планира наскоро, почнувајќи од декември 2022 година, да испрати на Месечината роботи, односно мобилни уреди кои ја мапираат површината на Месечината, вршат истражувања и мерат нивоа на радијација.

„Еден од главните приоритети на LRO е да продолжи да ги мапира температурите на површината на Месечината бидејќи можеме да ги искористиме тие податоци за подобро да ја разбереме средината во која ќе се најдат идните мисии“, рече Ноа Петро, ​​директор на Лабораторијата за планетарна геологија, геофизика и геохемија на НАСА.

Истражувањето Thermal and Illumination Environments of Lunar Pits and Caves: Models and Observations From the Diviner Lunar Radiometer Experiment беше објавено во списанието Geophysical Research Letters.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе