Фудбал

На Милан му се заканува казна од 20 милиони евра

8. ноември 2018 - 19:30 | МИА

УЕФА планира да го казни Милан за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. На клубот му се заканува казна од 20 милиони евра.

Во прилог на паричната казна, на Милан може да му биде забрането да пријави нови играчи оваа сезона во Лигата на Европа, објави „La Republica“.

Италијанскиот клуб ќе мора веднаш да плати дел од паричната казна.

Коментирај