На милиони им се заканува трајна суспензија од Facebook поради овие правила

Facebook е една од најголемите социјални мрежи, а со неа доаѓаат и низа правила. Во текот на годините, компанијата мораше сериозно да ја уреди својата политика кога се однесува на говорот на омраза, лажните вести и други појави, пишува Sun.

Непочитувањето на правилата може да доведе до привремена суспензија или уште полошо, до трајна забрана на користење на оваа популарна мрежа.

Во неволја може да западнат сите оние кои не го користат своето вистинско име.

„Името на вашиот профил би требало да биде име со кое ви се обраќаат пријателите во секојдневниот живот. Тоа име исто така треба да стои на личната карта или на документите од нашата листа на лични исправи“, стои во правилата на Facebook.

Тоа значи дека симболите, броевите, невообичаените мали и големи букви, знаци кои се повторуваат или интерпункција не се дозволени.

Ако подолго време не се вклучувате на профилот, Facebook може целосно да го избрише. Не е јасно колку време имате, но правилата велат дека може да го „елиминирате профилот со продолжено мирување“.

Facebook ќе бара „дополнителни информации за профилот на корисникот пред преземање дејства во распон од неговото привремено ограничување до трајно оневозможување“, така што пред тоа можеби ќе добиете мејл со предупредување.

Facebook не сака голотии, ниту сексуално сугестивни објави на платформата. Но, нивните правила мора да се доработуваат со текот на годините за да се разликува сексуална од несексуална конотација.

Тагови
реклама

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе