На минус 50°C: Каков е животот во најладното место на светот?

Ојмјакон се смета за најладното населено место на светот. Станува збор за село во зафрлените источни краишта на Сибир во Русија.

Најниската температура таму била измерена во февруари, 1993 година и изнесувала 71,2 Целзиусови степени под нулата.

Тоа е број што ќе го видите испишан на сувенири од Ојмјакон. Иако никогаш повторно не била измерена олку ниска температура таму, зимите во ова село се прилично сурови и сосема е нормално во јануари да има температури околу -50°C.

Порано Ојмјакон било местото каде што сточарите застанувале за да може ирвасите да се напијат вода од блискиот термален извор кој никогаш не замрзнува, но денес таму има околу 500 жители.

Животот во зимските месеци не е лесен, но локалните жители се прилагодиле на екстремните услови.

Земјата е трајно замрзната во текот на целата година и речиси ништо не може да се одгледува во неа, па локалното население главно се храни со риба и месо од ирваси и коњи, како и млечни производи. Во шумите наоѓаат диви шумски овошја кои ги мешаат со смрзнато млеко и така го прават ојмјаконскиот специјалитет сличен на сладолед.

Во Ојмјакон не ви се доволни само еден пар ракавици и еден капут. Селаните се облекуваат во слоеви – многу, многу слоеви и парчиња облека.

Исто така не изненадува фактот дека не можете да стартувате автомобил, а и авионите не може да полетаат. Во текот на суровите зимски месеци локалните жители излегуваат дома само ако навистина мораат.

Чистиот воздух и домашната храна без индустриски преработки и додатоци придонесуваат жителите на Ојмјакон да бидат прилично здрави и имаат долг просечен животен век.

На ладното се навикнати дури и кучињата – тие можат да спијат на отворено дури и кога температурите паѓаат под -50°C.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе