На МТФ „Војдан Чернодрински“ доделени признанијата од „Евродрам“ на двајца преведувачи

Прилеп, 13 јуни 2019 (МИА) – На Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, денеска во рамки на фестивалската програма беа доделени признанијата од „Евродрам“ на преведувачите Оливера Павловиќ и Дарко Јан Спасов кои преведоа три наградени текста од руските драмски автори Иван Вирипаев и Људмила Разумовскаја, како  и од ирскиот драматичар Конор Мекферсон. 

Ова е заслуга на преведувачката од руски јазик, Оливера Павловиќ, вработена во НТ-Битола и на Дарко Јан Спасов-драматург во театарот Комедија во Скопје и преведувач. Нивните преводи беа поттикнати од ланскиот конкурс што го спроведе „Евродрам“- европска мрежа за драма и превод, која обединува 30 јазични комитети од разни земји.

Според претседавачот на Македонскиот комитет на Евродрам, Иван Додовски, на конкусот пристигнале осум преводи, од кои биле избрани три.

– Во таа селекција, трите преводи се најистакнати. Тука сме јавно да им честитаме на преведувачите.Тоа е извонредно важна работа, особено во театарот, особено кога еден текст треба да се преведе добро и сценски да е изведлив во нашата средина, рече Додовски.

Признанијата на Дарко Јан Спасов и на Оливера Павловиќ им ги врачија Доминик Долмие од Франција, еден од основачите на Евродрам и Додовски од Македонскиот комитет.

Оливера Павловиќ, која беше рангирана како прва и трета за преводите од руски на драмските текстови „Танцот Делхи“ од Иван Вирипаев и „Милата Елена Сергеевна“ од Људмила Разумовскаја, рече дека ова е првпат јавно да се оддаде признание на преведувачи кои работат за театарот .

– Првпат јавно во Северна Македонија им се оддава признание на луѓе кои прават превод за театар. Досега не сум слушнала за вакви признанија и возбудена сум и многу ми е мило затоа што веќе 30 години ја следам руската драматургија и преведувам. Дел од тие пиеси што сум ги превела имале среќа да бидат играни во театарот, ама поголемиот дел уште стојат во фиока. Ова е јавен повик до сите театарски работници да обрнат внимание на тоа дека има луѓе кои ја следат драматургијата во Европа. Современата руска драматургија и по квантитет и по квалитет е многу значајна, истакна Павловиќ.

Дарко Јан Спасов кој по конкурсот беше рангиран на второто место за преводот на наградената драма со „Лоренс Оливие“-„ Брана“ од Конор Мекферсон, повика да се чита повеќе во нашата средина.

–  Кога некој искрено ќе ви рече дека текстот е многу убав, прочитајте го. Само читајте, ништо друго. Ако не читаме мозокот ќе рудиментира. Им благодарам на организаторите од МТФ „Војдан Чернодрински“ и им благодарам и на Евродрам, рече Спасов.

Осврнувајќи се на историјатот на мрежата Евродрам, која постои од 1991 година, основачот и режисер Доминик Долмие, рече дека приказната со европската мрежа за драма и превод започнала барајќи преведувач од албански на француски јазик, на текстот „Историја на тие што веќе ги нема“, од албанскиот писател Касем Требешина, при посетата на Тирана.

–  Текстот го преведе младата преведувачка Мирела Кумбаро (сега министерка за култура во Албанија м.з.). Кога беше направена постановката сфатив дека тоа беше прва албанска драма преведена на француски јазик. Бев изненаден како е можно тоа. Така се заинтересирав за остатокот од Балканот. Исто така и во Анадолија и во регионот на Кавказ, ситуацијата е слична  околу преводите и си реков дека треба да направиме нешто во врска со тоа, рече Долмие.

Конкурсите на Евродрам за преводна драмска литература се објавуваат во непарни години, а во парни се објавуваат повиците за оригинални драмски текстови, кои потоа се споделуваат низ мрежата. До крајот на годината се очекува да биде објавен конкурсот за оригинални текстови, напишани на македонски јазик кои ќе ги разгледа Македонскиот комитет на Евродрам и ќе направи селекција. Одлуката ќе биде соопштена во март, следната година. Авторите од земјава кои пишуваат на јазиците на етничките заедници ќе може да аплицираат во соодветните јазични комитети на Србија, Албанија и Турција. Постои желба од Евродрам, наградените оригинални текстови да се објават,  да се промовираат и да се одржи нивно сценско читање в година, на јубилејниот 55. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Преку Евродрам досега се преведени текстови од Дејан Дуковски, Горан Стефановски, Жанина Мирчевска и Венко Андоновски.

На програмата на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер од 19.30 часот на сцента од Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ публиката ќе може да ја види седмата од осумте претстави во конкуренцијата за награди, претставата „На отворено“ според текстот на Славомир Мрожек во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на ансамблот на театар Комедија од Скопје.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хроника

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе