Свет

На напаѓачот од Крајстчерч ќе му се суди за тероризам

21. мај 2019 - 9:38 | МИА
Велингтон, 21 мај 2019 (МИА) – На обвинетиот за нападите во џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, ќе му се суди за тероризам, соопшти денеска австралиската полиција.

Брентон Тарант, кому ќе му се суди за 51 обвинение за убиство, е обвинет е и за „учество во терористички чин”. Неговото следно појавување пред суд е закажано за јуни.

Тарант (28) во живо на Facebook емитуваше од нападите и објави манифест со информации за нападот. 

Коментирај