Иако викендов се пласираа во четвртфиналето на ФА купот победувајќи го второлигашот Плимут со 3:1, тренерот на Манчестер Сити по натпреварот се пожали на квалитетот на топките што се користат во ФА купот, објавија британските медиуми.
„Топките во Лигата на шампионите (Adidas) и во Премиер лигата (Nike) се фантастични. Оваа што се користи во ФА купот (Mitre) не е. Дури 20 удари завршија покрај голот. Во нормални околности тие би влегле во рамката на голот“, рече Жузеп Гуардиола.
Фудбалската асоцијација одговори дека нема ништо лошо со топката и дека таа ги поминала сите тестови на ФИФА.
Пеп не е првиот тренер кој се жали на квалитетот на топките. На почетокот на февруари, тренерот на Арсенал, Микел Артета го стори истото, критикувајќи ги топките на Puma што се користат во Лига купот. Откако Њукасл ги елиминираше во полуфиналето на овој куп, Артета истакна дека од 23-те удари на кон голот на Њукасл, само 3 завршиле во рамката. И тој доби одговор дека проблемот не е во топката и дека таа се користи во првенствата на Италија и Шпанија.