Како чин на милост

На последниот ден во Белата куќа Трамп помилува 143 лица

Кајгана/МИА
/ 20.01.2021 / 08:47

Неколку часа пред заминување од Белата куќа, Доналд Трамп одлучи да го помилува својот поранешен главен стратег Стив Банон. Трамп во последните часови од функцијата помилува и други 142 лица, пренесоа американските медиуми.

Трамп им соопшти на своите соработници дека по долго размислување, решил да го помилува Банон како едно од неговите последни потези додека е на функцијата.

Стив Банон беше обвинет за заговор за измама преку донаторска кампања за изградба на ѕидот, ветен од претседателот, на границата со Мексико. Последните денови се засилија шпекулациите дека Трамп ќе го прекрши протоколот и ќе се помилува самиот пред да се повлече од функцијата.

Помилувањата ги објави Белата куќа на полноќ по локално време, неколку часа пред крајот на претседателството на Трамп. Сепак, претседателот не потпиша налози за помилување за себе, членовите на семејството или неговиот адвокат Руди Џулијани, кој водеше неуспешни обиди да ги поништи резултатите од минатогодишните претседателски избори, кои Трамп ги загуби.

Трамп ги помилува и раперите Лил Вејн и Кодак Блек, обвинети за криминални дела со оружје, како и поранешниот градоначалник на Детроит, Кваме Килпатрик, кој беше осуден на 28 години затвор поради корупција.

67-годишниот Банон беше клучен советник во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, но минатата година беше обвинет за измама на приврзаници на претседателот во обид да собере средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Тој се изјасни за невин пред судот.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Свет

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Read more

Куба се обиде да достави тајна порака до Трамп

Read more

Зеленски ја одби Америка: Не сме идиоти, знаеме што значи тоа

Read more

Трамп: Иран се согласи да го предаде ураниумот, војната би можела наскоро да заврши

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе