Чек дис аут

На Путин на увце: Руската химна на саудиски начин

15. октомври 2019 - 15:43 | А.С.

Рускиот претседател Владимир Путин е во службена посета на Саудиска Арабија, каде беше пречекан со сите почести.

Свечениот дочек во палатата на саудискиот крал Салман секако подразбираше и интонирање на националните химни на двете земји.

Воен оркестар ја изведе руската химна во чест на важниот гостин, но очигледно музичарите не одржале ниту една проба.

За што точно станува збор слушнете во видеото со во прилог, во кое е направен микс од тоа како треба да звучи руската химна, а како ја интонираше саудискиот воен оркестар.

Бонус е изразот на лицето на Путин.

Ова не е прв случај Саудијците да „искасапат“ нечија химна - пред две години неподготвени го пречекаа американскиот претседател Доналд Трамп:

А и на Путин не му е првпат некој да ја нема извежбано руската химна - во 2015 при свечениот дочек во Египет случна за нијанса подобра верзиа на химната од онаа на Саудијците:

Коментирај