На сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки Шехерезада и Валпургиска ноќ

На 17 и 24 јануари 2025 со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведат балетските едночинки „Шехерезада“ и „Валпургиска ноќ“.

Еден од бисерите во балетската литература „Шехерезада“ од Н.Р. Корсаков, работен по мотивите на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата е на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин. Сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Наташа Трендафилова-Гицев, Ивана Коцевска, Илијана Данилов, Франсиско Хименес Руис (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валериј Љубенко (Украина).

Во вториот дел ќе се изведе едночинката „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно. Диригент е Бисера Чадловска, кореографијата е на Михаил Лавровски, пренел и режирал, Јуриј Мјачин од Русија, сценографијата е на Илија Аризанов, а костимографијата на Изабела Поњавиќ, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат: Марија Кичевска-Шокаровска, Христина Наќевска-Митрашиновиќ, Франсиско Хименес Руис (Шпанија), Балаж Лочеи (Унгарија), Валериј Љубенко (Украина). Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Валпургиска ноќ“ е всушност балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, и е првата премиера на Балетот на тогашниот Македонски народен театар (МНТ), која се извела на 27 јануари 1949 во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

Тагови
реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Култура

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Read more

Есмералда од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

Read more

Cuban Fire – Националниот џез-оркестар свири афрокубанска музика

Read more

Свечено доделување на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година

Read more
 

Вести

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Читај повеќе

Низа силни земјотреси на Санторини во текот на денот

Читај повеќе

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Читај повеќе

Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле

Читај повеќе
  • play_arrow

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Читај повеќе

Рубио по состанокот САД-Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина прифатлив за сите страни

Читај повеќе

Охриѓанец проголтал пакетче кокаин при полициски претрес

Читај повеќе

Се степале војници од Кондово и од Матка

Читај повеќе

Околу 800 лица направиле сообраќаен прекршок вчера – затекнати и пијани возачи, но и без дозволи

Читај повеќе