На што треба да внимавате при избор на стан

Купувањето стан е животна инвестиција. Токму затоа изборот е проследен со многу дилеми. Од една страна се можностите, а од друга потребите и желбите. Како да ги усогласите? Како да изберете стан? На што да внимавате? Од што да се водите во изборот?

Во реализацијата на оваа многу важна одлука и инвестиција во вашиот живот, секако треба да обрнете на неколку работи:

Локација

Изборот на локацијата е еден од најважните моменти при купувањето стан. Локацијата ја определува вредноста на недвижнината не само во моментот кога купувате, туку и во иднина, при евентуална нејзина продажба. Локацијата  го определува и начинот на живот бидејќи тој е “врзан”со инфраструктурата на локацијата: градинка, училиште, продавници, поврзаност со центарот на градот, јавен  превоз...

Доколку има празни парцели околу локацијата што ќе ја одберете, пожелно е да се провери што е предвидено да се гради, како и каде ќе бидат поставени новите објекти, кога ќе почне нивната изградба. Особено водете сметка дали е предвидена изградба на автопат, трафостаници и сл.

Зграда

Доколку купувате стан во Скопје, добро размислете, дали саката да се вселите во зграда изградена пред земјотресот, по него или пак  преферирате - новоградба. Внимавајте на пристапот до зградата.  Ако зградата нема лифт, размислете дали ќе бидете подготвени секојдневно по неколку пати да се качувате и симнувате по скалилата, често со полни торби.   Без оглед на локацијата, неопходно е зградата да има паркинг за сите станари. Обрнете внимение на топлотната и на звучната изолација, на фасадата и на дрвенаријата. Ако изберете новоградба проверете дали инвеститорот има зачувано некој стан за себе. Тоа би било најдобра проепорака за вас. За велосипедите и за некои други “дребулии” несомнено е добредојдена заедничка остава или подрум.

Пониска цена по квадрат за плаќање на почеток на изградба

Секогаш треба да имаме во предвид дека доколку сме во можност, цената по квадрат е пониска за плаќање на почеток на градба. Попустот може да биде од 5-20% од регуларната цена, така што тоа може да биде значајна заштеда во средства.

Стан

Сите настојуваат да добијат повеќе квадратни метри за сумата што може да ја платат. Меѓутоа, архитектите укажуваат дека покрај квадратурата многу важен е и распоредот во станот. Потребно е да се проучи и можноста за адаптација на станот, да се има предвид кои ѕидови се носечки, каде се клучните инсталации, дали може да се добие дополнителна соба или, пак, да се обезбеди некакво проширување или адаптација.

Во големите станови често “се губи” многу простор во ходниците, додека  помалите станови, по правило, се порационално искористени.

Обрнете особено винимание на прозорците, колку тие се зачувани, дали  обезбедуваат адекватна заштита од зимскиот студ и од летните горештини.

Кај становите, пак, што се наоѓаат на приземје би било добро на прозорците и на балконските врати да има сигурносно обезбедување.

Неопходни документи

Најважниот документ е имотниот лист. Пред купувањето, во катастарот и во судот проверете дали е станот под хипотека. Проверет дали зградата има валидна градежна и употребна дозвола. Во преддоговорот и во договорот за купување на станот мора јасно да бидат прецизирани обврските на купувачот и на продавачот.

Ако сакате дом во срцето на Скопје, да инвестирате во недвижност која никогаш нема да изгуби на вредност, туку може само да порасне, комплексот Лимак Diamond е нешто за што вреди да се размисли. Вклучува околу 772 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, простор за слободни културни активности ресторани, кафулиња, фитнес центар, хотел со казино и паркинг со капацитет за над 2.800 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри.

 

*Промотивен текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе