На Словенците ќе им бидат неопходни ковид-потврди и за работа од дома

Во Словенија ковид-потврда ќе мора да имаат и вработените кои работат од дома, јавија словенечките медиуми, повикувајќи се на Министерството за труд.

Словенија воведе ковид-сертификат за работа, за одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за студентите, како и за различните услужни дејности и јавни институции.

Министерството за труд сега појасни дека дури и оние кои работат од дома не се ослободени од обврската да поднесат потврда за вакцинација, прележан COVID-19  или негативен тест, јави телевизијата N1.

Ако вработените што работат од дома немаат ковид-потврда, тие ќе мора да се самотестираат со брз антигенски тест најмалку еднаш неделно, по што мора сертификатот да го испратат до работодавачот, а во него да бидат наведени датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис. Трошоците за тестирање се на товар на работодавачот.

Доколку работникот не го стори тоа, ќе се смета дека ги прекршил обврските што произлегуваат од работниот однос, а работодавачот може да го казни согласно Законот за работни односи, објаснуваат од министерството.

Во отворено писмо до владата, словенечките угостители побараа укинување на задолжителните ковид-потврди, предупредувајќи дека нивниот промет опаѓа и дека, според новите правила, гостите и на терасите мора да имаат сертификати.

Синдикатот на вработени во угостителската индустрија наведува дека владата со својата одлука ги задолжила угостителите за контрола на ковид-пропусниците, што тие не можат да  го исполнат затоа што долго време се соочуваат со недостаток на кадар.

Синдикатот на угостители изјави дека го поддржува барањето на полицискиот синдикат да ја провери уставноста на новите правила од страна на Уставниот суд.

Синдикатот на словенечки полицајци објави дека поднеле иницијатива до Уставниот суд бидејќи, според владиниот протокол, вакцинациите или прележаниот COVID-19 се услов за одржување на вработувањето.

Продолжувањето на таквата „недозволива пракса“ може да доведе до напад врз други човекови права и основни слободи, чии жртви би можеле да бидат сите граѓани, смета полицискиот синдикат.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе