На таван кај британски лекар пронајдена глава од египетска мумија

Неколку децении глава на египетска мумија собирала прашина на таванот кај еден лекар во Обединетото Кралство. Меѓутоа, по неговата смрт, била откриена при чистење на куќата, а потоа предадена на научниците за испитување.

Научниците сега одлучија да ја изложат главата на зраците на КТ скенер за да откријат што е можно повеќе детали за тоа која била личноста завиткана во завои и каков бил нејзиниот живот.

Потеклото на мумијата засега останува мистерија, бидејќи нема официјални информации како пристигнала во Обединетото Кралство. Сепак, популарната теорија е дека пристигнала од Египет во XIX век, а потоа станала дел од наследство кое се пренесувало од генерација на генерација.

Причината за оваа хипотеза е дека за време на викторијанската ера, мумиите биле многу популарни, а луѓето во тој период често одржувале „забави за одвиткување“ каде јаделе и пиеле додека ги ваделе завоите од мумифицираните тела на покојниците.

Главата била донирана на истражувачите во ноември 2020 година, а првиот КТ скен бил направена една година подоцна. Научниците од Универзитетот во Кентербери сега објавија прелиминарни податоци кои сугерираат дека се работи за женска личност која живеела пред 2.000 години, па затоа не биле изненадени кога откриле дека таа имала многу истрошени заби.

Оштетените заби укажуваат на тоа дека жената се хранела со житарки, кои биле основен дел од исхраната на древните Египќани. Скенерот, исто така, откри дека нејзиниот мозок бил отстранет, додека нејзиниот јазик сè уште е неверојатно зачуван.

Најголемото изненадување меѓу научниците беше откривањето на цевка во внатрешноста на 'рбетниот канал и левата ноздра. Сепак, не е познато дали бил „вградена“ во викторијанската или во египетската ера.

Remote video URL

Радиологот Џејмс Елиот од Универзитетот во Кентербери истакнува дека следната задача е подетална анализа на сликите, со надеж дека ќе открие повеќе за нејзиниот живот врз основа на забите.

Други анализи, како што е испитувањето на древната ДНК на мумијата и датирањето со јаглерод, се планирани за да се комплетира знаењето за мистериозната мумија. Потоа резултатите ќе бидат објавени во научно списание, а реконструкцијата на лицето ќе биде прикажана на пошироката јавност.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Бројот на жртви во пожарот се искачи на 59, меѓу нив и полицаец

Read more

Стигнуваат реакции за трагедијата во Кочани, МВР потврди дека има приведени

Read more

Црн ден за Македонија: 51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани

Read more

Вести

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Read more

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Read more

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Read more

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Read more
 

Гик

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинески хуманоиден робот вози велосипед и извршува задачи без обука

Читај повеќе

Основачот на The Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Читај повеќе

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Читај повеќе

Јапонски брод произведува „зелен“ водород на море и го испорачува за употреба на копно

Читај повеќе