Прва македонска ТВ продукција снимена според странска лиценца

„На терапија“ - од септември пред македонската публика

Во продукција на КИНО ОКО почнувајќи од 4-ти септември оваа година, македонската публика ќе има можност да го следи емитувањето на ТВ серијата „На терапија“, првата македонска ТВ продукција снимена според странска лиценца.

„За прв пат во Македонија продуцирана е ТВ серија според странска лиценца во која глумат домашни актери. Снимени се 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци“, вели продуцентот на серијата Роберт Насков.

Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

По големиот успех во матичната земја, во 2008 година лиценцата за серијата ја откупува американската мрежа „HBO“ која продуцира три сезони со познатиот актер Гебриел Брн во улога на психотерапевтот. Серијата веднаш се здобива со популарност, ласкави критики и неколку награди „ЕМИ“ и „Златен глобус“.

Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат верзии во Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Холандија, Чешка, Полска и Италија. Во Балканскиот регион досега се снимени романска, словенечка, српска и хрватска верзија.

Во македонската верзија на серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот и ред други прашања.

„Оваа серија ќе ги поттикне луѓето да почнат да разговараат за проблемите кои се поврзани со секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, и можеби ќе пронајдат одговори за личните дилеми и прашања. Се надевам дека серијата ќе придонесе за отворање на дијалог на сите актуелни теми во нашето општество“, додава Насков.

УНИКАТНА СЕРИЈА ПРОПРАТЕНА СО УНИКАТНА ПРОМОТИВНА КАМПАЊА

ТВ проектот е пропратен и со (не)карактеристична промотивна кампања, која ѝ овозможува на публиката да се запознае со ликовите од серијата пред почетокот на емитувањето, преку нивните Фејсбук, Твитер и/или Инстаграм профили.

Содржината која се споделува на овие профили е извлечена од карактеризациите напишани за секој од ликовите. Ваквиот пристап има за цел да открие подробности и наговестувања кои вообичаено не би биле достапни за публиката.

Повеќе детали за проектот се достапни на официјалната веб страна www.NaTerapija.mk

реклама

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе