На Точак удрија по Данела: 17 милиони денари за промена на асфалт и никакво подобрување

Град Скопје на чело со градоначалничката Данела Арсовска со денови се фалат со реконструираниот булевар „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.

Фото: Официјална Facebook страница на Данела Арсовска

Арсовска преку социјалните мрежи побрза да каже дека „целосно е реконструиран булеварот Кузман Јосифовски – Питу“, што не е точно, бидејќи се работеше само на потегот од Железничката станица до Народна банка. Таа тврди дека сега тоа е „булевар кој ги исполнува сите светски стандарди“.

Скопје, метропола со широка, безбедна и стандардизирана патна инфраструктура. #МодерноСкопје

Posted by Danela Arsovska on Monday, December 12, 2022

„Скопје мора да биде метропола со широки, безбедни и и стандардизирани булевари и улици. Патната инфраструктура на која досега реагираа граѓаните дека е деформирана и небезбедна, сега целосно и темелно се реконструира. Овој булевар се реализираше по цена од 17 милиони денари, со постапка на јавна набавка на која учествуваа 11 компании со што се постигна заштеда на градскиот буџет од над 40%, заштеда која ќе се искористи за реализација на друг проект. Модерно Скопје значи посветена работа, стандардизација и системски решенија!“

Сето ова звучи фантастично, но реалноста е сосема различна. На нецелосната и целосно автоцентрична реконструкција реагираа од групата ентузијасти за подобро велосипедско Скопје, На Точак.

„Безбедни - да. Стандардизирани - да. Широки? - НЕ!!!

Со оваа ‘реконструкција’ ништо не е сменето. Tрите ленти се подеднакво широки, рабниците не се слеани, велосипедските ленти пак се нејасни и пресечени од автобуските постојки. Дополнително нема велосипедска лента на потегот со дрворедот меѓу Џамбо и Железничка. Ова се 17 милиони денари потрошени за промена на асфалт и никакво подобрување на условите за пешаците и велосипедистите во една од најгусто користените булеварски делници“, реагираат од На Точак.

"Скопје мора да биде метропола со широки, безбедни и и стандардизирани булевари и улици." НЕ!!! Безбедни - да....

Posted by НаТочак - NaTochak on Sunday, December 11, 2022
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе