НБА 2024/2025

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Ноќеска во НБА се одиграа пет натпревари, а Никола Јокиќ и Леброн Џејмс повторно беа во центарот на вниманието.

Асовите на Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс забележаа трипл-дабл ефекти и со тоа ги одведоа своите тимови до победа.

Денвер ја декласираше Филаделфија 76ерс со 144:109, а Јокиќ за 30 минути на паркетот запиша 27 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Тоа беше 19-ти трипл-дабл сезонава за најдобриот светски кошаркар и четврти по ред. Она што е уште поинтересно е што на сите четири од тие последни натпревари, Србинот не играше во последната четвртина.

Remote video URL

Лос Анџелес Лејкерс убедливо го совлада Вашингтон Визардс со 111:88, а Џејмс стигна до деветтиот трипл-дабл сезонава и 121-ви во кариерата со 21 поен, 13 скокови и 10 асистенции.

Ентони Дејвис беше одличен во редовите на Лејкерс со 29 поени и 16 скокови, додека Брони Џејмс продолжи со катастрофалните партии и седми натпревар по ред не постигна ниту еден поен.

Remote video URL

Резултати:

Њујорк Никс - Бруклин Нетс 99:95
Мајами Хит - Портланд Треил Блејзерс 107:116
Торонто Репторс - Орландо Меџик 109:93
Денвер Нагетс - Филаделфија 76ерс 144:109
Лос Анџелес Лејкерс - Вашингтон Визардс 111:88

Табела:

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Кошарка

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more
 

Спорт

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе
  • play_arrow

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Читај повеќе

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Читај повеќе
  • play_arrow

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Читај повеќе