Ракомет
РАКОМЕТНО ЕУРО 2020

Начевски и Николов ќе судат на ЕУРО 2020

22. август 2019 - 10:44 | Ф.З.

ЕХФ ги делегираше најдобрите македонски судии да бидат дел од континенталниот собир кој во Јануари ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

За Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ова е уште едно признание откако веќе години наназад двојката е дел од големите натпреварувања.

На ЕУРО 2020 македонските судии се делегирани да судат натпревари како од фазата по групи така и во нокаут рундата. Такви има уште шест други двојки. Единаесет двојки се делегирани само за групната фаза по чие комплетирање тие ќе го завршат настапот, додека пет двојки ќе му се приклучат на првенството тек во нокаутот.

И репрезентацијата на Македонија ќе учествува на првенството каде е во групата Б заедно со кодомаќинот Австрија, Чешка и Украина.

Коментирај